Малолетничка е тешко повредена откако во неа удрил 20-годишник со „пежо 407“.
– Вчера во 14.35 часот на крстосница од булеварот Јане Сандански и улицата 23
Октомври во Скопје, О.С.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „пежо 407“ со
скопски регистарски ознаки, удрил во малолетно женско лице од Скопје. Тоа се
здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка
Тереза“ – Скопје – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.