Шеесет и еден возач со алкохол во крвта зад волан, плус 118 прекршоци

300

Акциска контрола за откривање на возачи што управуваат со возило под дејство на алкохол била спроведена во периодот од 23 часот до 05 часот изутрина од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.

– Кај 61 возач утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека двајца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите тие 63 возачи се исклучени од сообраќај и
соодветно санкционирани. Откриени се и 118 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни платни налози и 72 прекршочни платни налози – соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...