ЕУ: На 30 јуни да не се попречува изборниот процес

398

Делегацијата на Европската унија ги повика политичките партии во Албанија да не го попречуваат гласањето в недела, на 30 јуни.

Во изјавата објавена на Фејсбук, делегацијата на ЕУ посочува дека граѓаните треба да го искористат своето право на глас на регуларен и мирен начин.

– Имајќи го предвид одржувањето на локални избори на 30 јуни 2019 година, неопходно е на граѓаните да им се овозможи да го остварат нивното граѓанско право. Директна одговорност на сите полтички партии е да обезбедат гласањето да не се попречува – стои во денешната изјава на делегацијата на ЕУ во Тирана.

Се нагласува дека „секоја насилна акција или каква било форма на поттикнување насилство е апсолутно неприфатлива во никакви околности” и дека изборите ќе бидат следени од страна на ОБСЕ / ОДИХР.

– Сите политички партии треба да покажат воздржаност и да се откажат од провокативната реторика. Текот на гласањето ќе биде следен од меѓународна мисија предводена од ОБСЕ / ОДИХР, која вклучува и набљудувачи од неколку земји-членки на Европската унија – се наведува во изјавата.

Изјавата завршува со повикување на партиите да се вратат на дијалогот што е можно поскоро за надминување на актуелната политичка ситуација.

„Сите партии треба да се вклучат во вистински дијалог што е можно поскоро за надминување на актуелната политичка ситуација, со цел да ги фокусираат своите напори на поддршка и консолидација на напредокот што го постигна Албанија досега во процес на реформи на нејзиниот пат на интеграција во Европската унија”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...