Откако го обвини за неверство и го нарече чудовиште, поранешната зајачица „Плејбој“ Памела Андерсон одлучила детално да го опише двојниот живот на своето поранешно момче, францускиот фудбалер Адил Рами.
Иако Памела рече дека ќе молчи, актерката и активистка, одлучила на страницата на својата фондација да ги објави преписката и имејловите кои ги разменувала со поранешната сопруга на Рами, Сидони Биемонт со која фудбалерот има близнаци.
Памела ѝ напишала на Сидони дека Рами „ѝ ги смачкал двете раце“ и „ја влечел за коса наоколу“ во текот на расправија и тепачки кои ги имале минатото лето.
На Памела ѝ се јавила поранешната сопруга на Рами со намера со неа да стане пријателка.
Биемонт изјавила дека таа и Рами ќе продолжат да бидат блиски и да имаат сексуални односи, а Рами нејзе ѝ рекол дека романсата со Памела ја има само поради публицитет.
Биемонт и Рами прекинаа во 2017 година, кога тој почнал да се гледа со Памела.
Биемонт тврди и дека Рами ѝ рекол дека тој и Памела се само пријатели и дека не живеат заедно.
Андерсон одговорила дека таа и Рами купиле заеднички стан.
– Жал ми е. Живеам со Адил повеќе од две години. Никогаш не сум запознала маж како него. Живее повеќе животи. Во шок сум. Жал ми е за тебе и за вашите синови. Го оставам. Овојпат засекогаш. Ова е премногу за мене. Се обидов да заминам 10 пати, но секогаш ме пронаоѓаше и ме преколнуваше да го примам назад – рекла Памела.
Памела го обвини Рами и дека ја изолирал од нејзините сакани луѓе, на што алудирала во своето прво објавуање за раскинувањето на врската.
FOTO: Instagram/Printskrin