Откриени две нови планети на коишто можеби има живот

264

Германски научници открија дека околу ѕвездата Тигарден кружат две планети кои можеби се и населени, а се наоѓаат на 12,5 светлосни години од Земјата, што е релативно блиску.

Планетите Тигарден Б и Ц личат на внатрашните планети на нашиот Сончев Систем и се претпоставува дека имаат атмосфера погодна за развој на живи суштества, јави „Сан“.

– Тие имаат малку поголема маса од Земјата и се наоѓаат во таканеречената „населива зона“, каде што може да има вода – објаснува доктор Матијас Зекмајстер од Универзитетот на Гетинген, Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...