Стивен Адлер (54), поранешниот тапанар на бендот „Ганс енд роузес“, итно е префрлен во болница во Лос Анџелес, откако си забил нож во стомакот, пишува „Сан“.
Адлер наводно не е животно загрозен, а итната помош ја повикала личноста која била со Адлер во неговата куќа, каде што инцидентот и се случил.
Тапанарот веќе со години има проблеми со зависноста од хероин и алкохол. Поради што е исфрлен од „Ганс енд роузес“, а бил и тема на телевизиските емисии кои се занимаваат со зависности. Музичарот сега е во бендот „Adler’s Appetite“.
„Ганс енд роузес“, чиј члеј Стивен бил од 1985. до 1990 година, на почетокот на неделата најавија дека ја продолжуваат турнерјата „Not in This Lifetime“, која ја почнаа пред три години,. Иако Адлер не е со нив на турнејата, се појавил како гостин неколкупати во 2016 година.
FOTO: Instagram/Printskrin