Мадона го објави најконтроверзниот спот досега ВИДЕО

Мадона изјавила дека стои зад видеоспотот во кој се прикажува масакр во ноќен клуб, велејќи во таа прилика дека луѓето мора да сфатат „што се случува кога луѓето пукаат“.

523

Мадона го објави спотот за својот нов сингл „God Control“ чии сцени исклучително потсетуваат на масовните убиства кои се случија во геј клубот „Pulse“ во Орландо, во кои во јуни 2016 загинаа 49 лица, а 53 беа повредени.

Мадона изјавила дека стои зад видеоспотот во кој се прикажува масакр во ноќен клуб, велејќи во таа прилика дека луѓето мора да сфатат „што се случува кога луѓето пукаат“.

Со песната и спотот, кралицата на поп-музиката повикува на зголемена контрола над оружјето, но и со напишаната изјава на крајот од видеото која гласи:

„Секоја година повеќе од 36.000 Американци загинуваат во вооружени напади, а околу 100.000 се ранети. Никој не е безбеден. Контрола на оружјето. Сега.“

„Сакам да го насочам вниманието од својата позиција на уметник кон проблемот во САД кој е надвор од контрола и кој одзема животи на невини луѓе. Оваа криза може да заврши ако нашите законодавци ги променат законите кои нас нè штитат сите подеднакво“, напишала Мадона во посебно соопштение.

Спотот за „God Control“ е режиран од страна на Јонас Акерлунд кој работел со пејачката на албумот „Ray of Light“ од 1998 година. Песната го зазема третото место на најновиот концептуален албум на Мадона, „Madame X“, кој е објавен пред неколку дена.

FOTO: Jutjub/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...