Шеесетгодишниот Шандор Харти ја убил 43-годишната сопруга Кристина во куќата во која живееле во Србија. Потоа си пресудил и себеси.
Нивните тела ги пронашол синот на Кристина од првиот брак, со кој несреќната жена тоа утро требало да оде да се запише на факултет.
– Кристина имаше син, а Шандор син и ќерка од претходните бракови. Мислев дека убаво си живеат. Шандор често го гледав и секогаш ме поздравуваше. Што точно се случило, тоа само тие двајца го знаат – рекла нивната сосетка, 74-годишната Јулијана Сабо за „Курир.рс“.
Претходно беше објавено дека Кристина му се жалела на својот брат дека има проблеми во бракот и дека Шандор ја малтретира физички. Тој имал легална дозвола за пушката со која ја убил сопругата, а потоа и себеси.