Напаѓачот од џамијата во Франција пронајден мртов

252

Напаѓачот кој вчера рани двајца луѓе, меѓу кои и имам пред џамија во западниот дел на Франција, пронајден е мртов со прострелна рана во главата, соопшти полицијата.

Според полициски извори, најверојатно се работи за самоубиство.

Претходно, обвинителот во градот Брест, каде што се случи нападот соопшти дека напаѓачот отворил оган додека луѓето ја напуштале џамијата.

Обвинителот додаде дека во моментов не се јасни мотивите за нападот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...