Во Општата болница во Велес било донесено починато седуммесечно бебе од велешкото село Бузалково.
„Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот“, соопшти МВР.
Случајот вчера, во 13 часот, бил пријавен во СВР Велес од Општата болница во Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција.