Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски по денешната најава од министерот за здравство Венко Филипче и државниот врв дека хирушката промена на полот ќе се прави на државна сметка реагира на Фејсбук.
„Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметка. Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо. Во представничката демократија законот е волја на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци“, напиша Димитриевски.