Седумнаесетгодишно момче стана херој во Турција ВИДЕО

2320

Алжирецот Феуз Забат е прогласен за херој во Турција откако фатил две годишно девојче кое паднало од прозорец од втор кат.

Младиот Алжирец (17) ја забележал малата Доха Мухамед како виси од прозорецот во една истанбулска населба.

Забат кој работел во работилница за изработка на рамки, лоцирана спроти домот на девојчето, дошол под прозорецот и успеал да ја фати во последен момент.

Две годишното девојче е без повреди. Локалните медиуми пренесуваат дека девојчето се качило до отворениот прозорец додека нејзината мајка била во кујната.

Семејството на малата Доха, но и турските медиуми го прогласија младиот Алжирец за херој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...