Сите земји членки на НАТО кои не го потпишаа до сега Протоколот, најавија ратификации во следните два-три месеци, и рекоа дека за Алијансата би било голем плус процесот да заврши до декември, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за МИА откако денеска учествуваше на министерскиот состанок на НАТО во Брисел.
Таа вели дека факт е дека 29 земји и 29 парламенти се секогаш не до крај предвидливи.
„Имате фактор икс и на тоа мора да внимаваме. Може во некоја земја да ви се случат избори, и само од процедурални причини да има одредено доцнење. Целта ни е да не оставаме ништо на случајот. Да не дадеме шанса за било какви дилеми“, изјави Шеkеринска.
Таа на прашањето за тоа дали се испеглани разликите со Турција изјави дека по сите сигнали што ги добиваме од Турција „е дека веднаш после овие локални избори и враќањето на нивниот парламент во нормално функционирање дека очекуваат ратификација“.
Таа денеска беше дел од Северноатлантскиот совет во Брисел, каде што состаноците беа посветени на буџетирањето на одбраната и мисијата во Авганистан.