Ве истепаа во Собрание затоа што сте кукавица, му рече пратеникот Артан Груби од собраниската говорница на Зијаден Села, лидерот на Алијансата за Албанците.
– Народот ја поддржува ДУИ, како единствената опција која ги води граѓаните напред – рече Груби и додаде дека партијата на Села е слуга на измамници кои не му мислат добро на народот.
Тој потсети и на конфликтната 2001 година велејќи дека опозицијата тогаш ја немало, а албанскиот народ бил оставен на цедило.