Пратеникот Зијадин Села во собраниското обраќање на седницата за избор на новите министри побара да нема повеќе селективни пресуди.
Тој забележа и дека полицијата неправедно повикала на разговор лица кои цртале графити.
– Ако следен пат ги приведат и бараат организатор, јас ќе земам спреј и овде над вашата глава Џафери, ќе напишам „Доле ДУИ!“ и ќе се пријавам за организатор на пишувањето графити – рече Села.
Претседателот на Собранието Талат Џафери не му остана должен на Села.
– Мене само еднаш овде ми истурија вода на глава и јас тоа нема повеќе да го толерирам. Не си играјте со моето трпение – рече Џафери.