Пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ со фотографија од Груевски од судот во Будимпешта им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да дојдат на власт се додека не се оградат од Груевски.
– Се дури не се оградите од овој човек со лисици, капче и наочари во суд во Будимпешта, се дури не се оградите од овој човек кој уште ви ги дава насоките како да постапувате преку неговата уста и очи кој се вика Христијан Мицкоски, нема да дојдете на власт. Граѓаните не сакаат да гледаат пак такво ВМРО-ДПМНЕ кое ќе биде главен уредник на вести и полицаец во МВР, кое ќе биде и прв судија, ќе монтира судски процеси. Граѓаните нема да го дозволат тоа – рече Костадинов.
На ова реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој рече дека СДСМ изгубиле многу гласови на последните претседателски избори.