Млад велешанец се дерел и заканувал на персоналот во велешката болница

1791

Дваесет и двегодишниот Д.А. од Велес бил приведен вчера откако во ходникот на Хируршкото одделение во Велешката општата болница почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал, сакајќи да се пресмета со нив.

МВР соопшти дека на местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и ги нападнал и полициските службеници.

Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...