Менаџментот на 1ТВ ѝ возврати на УЈП дека сметката им е активна

„Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид  во банкарска потврда“, објави телевизијата на својата веб страна.

2521

Менаџментот на 1ТВ тврди дека сметката на телевизијата е активна иако пред тоа Управата за јавни приходи на прашање на Плусинфо потврди дека сметката е блокирана.

„Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид во банкарска потврда“, објави телевизијата на својата веб страна.

Управата за јавни ја приходи потврди дека ја блокирала сметката на 1 ТВ, но не објасни кои биле причините за тоа.

„Согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...