За министер за животна средина го предлагам Насер Нуредини. Има висока едукација во бизнисот и економијата особено во green economy, рече премиерот Зоран Заев на собраниската седница за избор на нови министри во Владата.
– Во разговор со него, ќе продолжиме со имплементација на проектите во животната средина. Ќе продолжиме со борбата за решавање на загадениот воздух во Скопје, Тетово… Ќе дејствуваме директно на сите причини кои го предизвикуваат загадувањето на воздухот. Ќе продолжиме со решавање на депониите, пречистителните станици… – рече Заев.