Двајца возачи од Виница и од Штип се тешко повредени во сообраќајната несреќа која што се случи на патот Штип – Радовиш, кај местото викано Шести километар.
Според првичните информации од СВР Штип, во несреќата учествувале камион ТАМ и комби при што дошло до судир меѓу двете возила. За причините, надлежните од СВР велат дека ќе информираат во текот на денот по завршување на истрагата.
Едниот возач пренесувал едниот сено, а другиот безалкохолни пијалаци, двајцата се хоспитализирани во штипската клиничка болница.
Штипските пожарникари веднаш реагирале и излегле на терен, вели Тони Атанасов, командир на штипската противпожарна единица. И двајцата возачи се извлечени од возилата.
Во моментов сообраќајот се одвива во една коловозна лента и го контролира сообраќајна полиција.
Инаку, ова е позната црна точка на патот Штип – Радовиш каде што постојано се случуваат вакви тешки сообраќајни несреќи, а голем дел од нив завршуваат и со фатални последици, односно има жртви.