За екстрадицијата на експремиерот и азилант Никола Груевски денеска одлучува Судот во Будимпешта.
Каква ќе биде одлуката ќе се знае по рочиштето, бидејќи тоа е затворено за јавноста.
Според унгарските медиуми, Груевски бил приведен утрово во Будимпешта по барање на судот. Од видеото се забележува дека Груевски со палто ги крие лисиците на рацете.
Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните кои се случија во Собранието на 27 април 2017-та година, за што е осомничен дека бил организатор.