На сексот влијае дури и променливото време

Бурите со грмотевици и врнежите го снижуваат либидото. Но, и екстремните горештини исто – поради сѐ тоа, луѓето избегнуваат физичка активност и блискост, изјави сексологот проф. Станка Маркова.

241

Климатските недоследности, како што се долготрајни жештини, обилни врнежи, грмежи, како и наглата промена на времето, влијаат на крвнот притисок, како и на сексуалниот живот, коментираат бугарски лекари.

– Променливото време нѐ погодува најчесто во срцето, во крвотокот, па тоа, за жал, ги зголемува и срцевите проблеми. Особено луѓето со висок притисок треба да внимаваат и да ја следат својата здравствена состојба. Треба да се избегнува физичкиот напор, зашто тоа може да доведе до проблеми, смета д-р Катја Сунгарска.

Таа нагласува дека треба да се внимава и при влез и излез од климатизирани простории, што често предизвикува ненадејно слошување.

– Грмотевиците и горештините сериозно влијаат и на сексот… Ако сте под силен стрес и притисок, или се чувствувате тажно, лошото време само ќе ги засили тие чувства. Желбата за секс во голема мерка зависи од временските прилики. Бурите со грмотевици и врнежите го снижуваат либидото. Но, и екстремните горештини исто – поради сето тоа, луѓето избегнуваат физичка активност и блискост, изјави сексологот  проф. Станка Маркова.

Така, советите да се избегнува алкохол и мрсна храна, се посебно важни за истакнување во периодов на екстремно променливото време, сметаат стручните лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...