Вработени во кинеската телекомуникациска компанија Хуавеј соработувале во најмалку 10 проекти со кинеските вооружени сили во изминатата деценија, објави Блумберг.
Вработени во Хуавеј биле во тимови со членови на разни структури на кинеската армија на проекти – од вештачката интелигенција до радио комуникации, објави Блумберг.
Портпаролот на Хуавеи Глен Шлос, изјави дека компанијата не соработува, ниту пак е партнер на институции што соработуваат со кинеската армија.
Шлос истакна дека Хуавеј развива и произведува само комуникациски производи што ги исполнуваат светските цивилни стандарди.