Спречен нов обид за државен удар во Венецуела

164
ФОТО: EPA / RAYNER PENA

Венецуелските власти спречија нов обид за државен удар, изјави министерот за информации, Хорхе Родригез.

– Имаме видео запис што покажува дека пари и оружје се префрлени заради обид за државен удар – изјави Родригез.

Според него, планот бил да се заземат складиштата за муниција и воениот аеродром во Каракас, а потоа да се ослободи поранешниот министер за одбрана, Раул Бадуел, од затвор, и да се прогласи за претседател.

Бадуел е осуден во 2009 година за корупција.

ФОТО: EPA / RAYNER PENA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...