„Маршот ќе почне во 18 часот пред Собранието и ќе продолжи по улицата Димитрије Чуповски се до раскрсницата кај сугс Јосип Броз – Тито каде вртиме десно по бул. Св. Климент Охридски сѐ до бул. Илинден додека не стигнеме до крајната дестинација Влада на Република Северна Македонија. Протестот ќе трае околу два часа. Целта на протестот е притисок врз институциите за примена на законската легислатива поврзана со благосостојбата на животните и барање одговорност за непостапување по однос службена должност“, се вели во известувањето до медиумите.
А еве ги барањата на „Шепасти ентузијасти“:
„а. МВР веднаш да излезе на терен да собира докази и по службена должност да ги достави на испитување во одделот за криминалистичка техника и судска медицина
б. Судска медицина да изврши аутопсии (некропсии) на труповите
в. Обвинителство да покрене обвинителен акт
г. Здружен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторат за земјоделство (во чија надлежност е контрола на промет на опасни супстанци), како и Државниот инспекторат за животна средина кој ќе констатира опасност по животната средина, Инспекторат за здравство кој ќе констатира опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните.
Инспекторатите да достават соодветни решенија до МВР со лица кои набавиле такви супстанци во скоро време и/или да ги казни аптеките и да им изрече времена забрана за вршење дејност ако тие супстанци ги издале без соодветни процедури.
д. МВР да најде осомничени врз основа на работата на сите институции погоре, да ги викне на распит, да разговара со сведоци.
ѓ. Јавен обвинител да прогласи главен осомничен и да почне постапка.
е. Судот да изрече казна поради несоборливи докази“.