Младината од Движењето БЕСА пред Владата денеска оставија рачка од метла која за нив е симбол за нереализираното ветување на премиерот за чистка во кабинетот, јави Алсат М.
– За жал, ова е само козметичка реконструкција, рециклирање на неуспешните кадри, кои се наградуваат со министерски функции. По кој знае кој пат се потврдува дека оваа влада треба да падне што поскоро и да не страдаат веќе граѓаните на С. Македонија. Г. премиер, бидејќи Вие сами не успеавте да ја користите метлата која ја најавивте, еве ви донесовме дршка. Треба да си ја чувате како спомен – изјави Лиридон Усеини- претседател на Младинскиот форум на Движењето БЕСА.