Дурант станува неограничен слободен агент

149

Крилото на Голден Стејт, Кевин Дурант ја одбил опција за продолжување на договорот во вредност од 31.5 милиони долари и ќе стане неограничен слободен агент во НБА, соопштија од „ЕСПН“. Дурант, прогласен за „Најкорисен играч“ на финалето во 2017 и 2018 и „Најкорисен играч“ во Лигата во 2014-та, доби повреда на ахиловата тетива во втората четвртина на натпреварот број 5 од финалето во НБА претходно овој месец, а подоцна беше подложен на операција.

Триесет-годишниот кошаркар ќе ја пропушти сезоната 2019-20, за да се опорави целосно од тешката повреда и да ја поврати својата најдобра форма. Дурант имаше просек од 26.0 поени, 6.4 скока, 5.9 асистенции и 1.1 блокади на натпревар за „воините“ во минатата сезона, откако го подобри претставувањето во плеј-офот со 32.3 поени и 7.7 скока пред да заработи повреда на потколеницата која го остави надвор од игра за девет натпревари пред неговото кратко враќање против Торонто во финалето.

Иако повредата, се очекува Дурант да добие неколку понуди кога трансфер пазарот во НБА ќе отвори официјално оваа недела. Додека зделки може да бидат завршени порано, според правилата на НБА, нови договори не можат да бидат потпишани до 6 јули

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...