Родители од пеколот: Ја тепале ќерката додека да го изгуби бебето, друга била врзана со ланци оти била „дебела“ (ВИДЕО)

1947

Марта Кроуч и нејзиниот сопруг Тимоти од Ново Мексико биле уапсени по разговор со нивните деца кои живееле во различни држави.

Марта е обвинета дека ги тепала некои од своите 15 деца и ги терала да гледаат додека ги готви живи нивните кученца, соопштиле властите на државата.

Истиот ден, таа го убила со пиштол кучето на девојчињата.

Со истрага било потврдено дека некои деца не биле запишани во училиште, дека не биле добро нахранети и дека семејството се селело ако полицијаци или социјални работници почнат да душкаат наоколу.

Една од ќерките кажала дека останала бремена на 14 години, па нејзината мајка ја тепала додека да го изгуби бебето.

Другата ќерка кажала дека била врзана со „дебел ланец“ три години бидејќи мајката мислела дека е дебела.

Еден од осумте синови кажал дека родителите го „тепале, боделе и газеле“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...