Францускиот ресторан „Миразур“ на аргентинскиот шеф Мауро Колагрес во Ментон, на југот на Франција, е прогласен за најдобар на светот според изборот на специјализираниот британски магазин „Ресторан“ на свеченоста одржана во Сингапур.
„Нома“ на готвачот Рене Реџепи во Копенхаген го зазема второто место на листата на 50. најдобри ресторани во светот, најугледната во светската гастрономија, зад која е „Асадор ечебари“ од Шпанија.
Мауро, кој на минатогодишниот избор беше на третото место, е единствениот странски шеф на кујна во францускиот водич Мишелин закитен со три ѕвезди.
Во друштвото на сопругата Јулија, Бразилка и персоналот на „Миразур“, Мауро по прогласувањето на победникот се качил на сцената носејќи големо знаме на кое имало четири помали – аргентинско, бразилско, француско и италијанско.
– Ова знаме го прикажува „Миразур“ и новиот начин на готвење во Франција – рекол тој.
Ѝ оддал признание на Франција која му овозможила да се „изрази“ преку гастрономијата, на Аргентина за „спомените од детството“, на Бразил кој му ја дал „љубовта на неговиот живот“, како и на Италија од која доаѓаат половина од неговиот персонал.
ФОТО: Инстаграм/Фејсбук/Принтскрин