Американската тајна служба притворила жена, која наводно го плукнала синот на американскиот претседател, Ерик Трамп, во коктел-бар во Чикаго.
Жената, за која се верува дека е вработена во барот, подоцна била пуштена.
Полициската управа во Чикаго потврдила дека била на лице место „да ѝ помогне на тајната служба на САД кога е во прашање спроведување на законот“.
– Тоа беше одвратен чин на некој кој очигледно има емоционални проблеми. Кога некој е толку болен за да се осмели да му се приближи некому, тоа само ги нагласува болеста и очајот, како и фактот дека победуваме – рекол Ерик Трамп.
Police presence outside Aviary after alleged incident between an employee and Eric Trump around 8:30pm pic.twitter.com/1oIiVfsiKj
— Mary Ann Ahern (@MaryAnnAhernNBC) June 26, 2019
ФОТО: EPA / BRYAN R SMITH / UPI POOL