Општина Аеродром чиј градоначалник е Златко Марин и асоцијацијата „Ластовица“ од утре па сѐ до крајот на јули ќе организираат бесплатни часови по латицо танци за жителите.
„Деновите по латино танци ќе се одржуваат секој вторник и четврток во Паркот на езерата, а часовите ќе ги држат волонтери од Турција, чија професија е латино инструктори. Целта на организирањето бесплатни латино танци за жителите на Општина Аеродром е да се овозможи вклучување на сите лица во општеството без разлика на старосната граница и полот во културните манифестации“, наведуваат од Општината.
Инаку, потенцираат оттаму, асоцијацијата „Ластовица“ е граѓанска организација што се занимава со овозможување услови за инклузивно општество и заштита на правата на децата со посебни потреби.