Заев се пофали со успесите, но не кажа зошто ги разрешува министрите

217

Ова е втора реконструкција на Владата. Досега се напаравени промени во осум министерства. Предлозите за нови мнистри ќе бидат во функција на храбрите чекори кои ќе ги преземе Владата во социјалата, платите, пензиите…,  рече премиерот Зоран Заев во образложението за реконструкцијата на Владата.

Премиерот не кажа конкретно зошто ги разрешува министрите туку ја гледа сликата што е променето во изминативе две години.

Тој,  за досегашната работа на Владата се осврна на договорите со Бугарија и со Грција, дека земјава добила најчист извештај за напредокот досега и дека верува оти заслужуваме датум за преговори со ЕУ. Прортоколот за пристапување кон НАТО и кристално чистиот извештај, според Заев, се потврда на успешната работа на Владата во изминативе две години.

Тој изрази задоволство од досегашната работа на Владата и потенцира дека ги уверува граѓаните оти се движиме на вистинскиот пат.

Заев рече дека и економските мерки даваат резултати и дека има разлика. Премиерот потенцира дека 2019 ја прогласиле за година на економијата.  Дека следуваат храбри решенија и одлуки во социјалната сфера, пензиите, платите и нови работни места.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...