Нова трпезарија во Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица во Момин поток отворија денеска градоначалниците на Град Скопје и на Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев.
Трпезаријата зафаќа простор од 200 метри квадратни и ќе може да ја користат 40 бездомни лица. Градот Скопјe за оваа намена од Буџетот издвои 1,5 милиони денари. Прифатилиштето е опремено сo кревети, тоалети, чајна кујна и други неопходни средства за функционирање на Пунктот со што ќе може целосно да одговори на потребите на овие лица. Сместувачкиот капацитет на Прифатилиштето минатата година беше зголемен од 16 на 32 кревети.
Во текот на работната недела, пунктот е отворен во понеделниците кога бездомниците добиваат хигиенски услуги и секој петок кога добиваат и чисти алишта, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток.