Ситуацијата во хрватскиот град Раб е непроменета – и понатаму е опасно поради истекување опасен плин поради што и дел од градот е евакуиран, јавија хртавски медиуми.
Засега нема најава колку ќе трае таквата состојба, објавија од градската управа.
Градоначалникот на Раб, Никола Гргуриќ во изјава за Н1ТВ во 10 часот изјави дека во текот на денот очекува ситуацијата да се нормализира.
– Нема место за паника, сѐ направивме, нашите луѓе, нашите гости и нивниот имот да бидат безбедни, изјави тој. На терен се сите служби и работат на намалување на последици од истекување плин. Се работи за експлозивна комбинација на плин пропан-бутан.
– Се работи на чистење на земјиште, залихи на плин насобрани низ комуналната инфраструктура. Сето тоа го следиме и со безбедносни методи се расчистува – вели Миливоје Личина командир на пожарната служба на Раб.
Во понедленикот навечер беше утврдена присутност на плин на подрачјето на центарот на градот, а туристи и жители беа евакуирани.