Инспекцијата го задолжи „Синлаб“ да фрла медицински отпад по пропис

139

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја задожи ПЗУ „Синлаб“ да врши прописно собирање, селектирање и пакување на медицинскиот отпад како што е регулирано со Правилникот за начинот на постапување со медицинскиот отпад, како и начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад.

„Со оглед на тоа дека законодавецот предвидел глоба за правните и физичките лица, како и за одговорните лица во правните лица кои постапуваат спротивно на одредбите од овој Правилник, следи и спроведување на прекршочни санкции за сторителите на прекршокот“, соопшти ДСЗИ.

Ова следува по извршените вонредни инспекциски надзори на ДСЗИ во соработка со Инспекторатот на град Скопје и констатираната состојба на лице место дека од страна на ПЗУ „Синлаб“ бил одложен медицински отпад во сини кеси за комунален отпад во контејнери за комунален отпад.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...