Надлежните смируваат: Станицата за мерење во Паланка е расипана, енормното зрачење е грешка

Од Дирекцијата веќе контактирале со Општина Крива Паланка и со Институтот за јавно здравје, кој е задолжен за менаџирање на станиците. Велат дека станицата е веќе извадена и е донесена во Скопје на поправка.

1629

На сајтот на Европската комисија во делот за набљудување на радиоактивноста од 19 јуни се покажува енормно зголемување на зрачење од гама зраци (гама-зрачење) кај Крива Паланка, што предизвика паника помеѓу граѓаните кои ги забележале мерењата.

Меѓутоа, од Дирекцијата за радијациона сигурност велат дека нема простор за паника бидејќи станува збор за грешка која се покажува на сајтот за мониторинг затоа што се расипала станицата за мерење.

Од Дирекцијата веќе контактирале со Општина Крива Паланка и со Институтот за јавно здравје, кој е задолжен за менаџирање на станиците. Велат дека станицата е веќе извадена и е донесена во Скопје на поправка. За да не се шири паника во се очекува да се огласи и Институтот за јавно здравје од каде веќе излегоа со информации на 20 јуни, дента кога првпат беше забележан лажниот алармот на сајтот на Европската комиија.

– Заради технички неправилности  во својата работа, две од мерните станици во Крива Паланка и во Берово се во фаза на поправка. Отчитувањата во кои имаше пикови, не се резултат на реално измерената доза на јонизирачко зрачење. После нивната поправка, ќе следи ново соопштение – наведуваат од Институтот.

Гама зрачење или гама зраци е облик на електромагнетно зрачење со најпродорни фотони, односно со најмали бранови должини во електромагнетниот спектар.

Настануваат при интеракциите на субатомските честички како што се анихилација честичките и античестичките и радиоактивното распаѓање, повеќето зрачења потекнуваат од нуклеарните реакции што се одигруваат во меѓуѕвездената средина во вселената.

Радиоактивните материјали можат да емитуваат гама зраци. Тие навлегуваат длабоко во живите ткива и можат да предизвикаат рак. Како и светлината, и гама зраците се составени од фотони, но кај гама зраците овие фотони имаат исклучително голема енергија.

Заштитата од гама зраците бара големи количини на маса. Тие подобро се апсорбирани од материјали со високи атомски броеви и висока густина, иако ефектот на заштита на масата не е толку голем во однос на вкупната маса по единица површина (односно густината) на патеката на гама зраците. Поради оваа причина, масата на оловото е само до некаде подобра (20-30%) како гама заштита од еднаква маса на друг материјал, како што се алуминиумот, бетонот или почвата; најголемата предност на оловото е неговата густина.

На пример, за да се намали интензитетот на гама зраците за 50% неопходно е олово со дебелина од 1 см, гранитни карпи со дебелина од 4,1 см, бетон со дебелина од 6 см или пакувана почва од 9 см. Сепак, масата на бетонот или од почвата е 20-30% поголема од онаа на оловото со истaтa апсорпциона способност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...