Муареми: Ставревски беше во Финансиска полиција за исказ во предистрага

703

Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставревски, пред неколку дена беше забележан пред седиштето на Финансискаа полиција во Скопје, а директорот на Финансова Арафат Муареми во неговто вчерашно гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ24, потврди дека бил кај нив.

– Зоран Ставревски беше повикан во финансова полиција на информативен разговор за предмет кој е во предистража постапка и истиот откако го даде исказот пред припадниците на финансиската полиција, си отиде – изјави Муареми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...