Пресврт победа на Вардар на гостувањето кај Митјиланд

196

Ракометарките на Вардар направија голем исчекор кон „Фајнал Фор“ турнирот во Лигата на шампионите, откако вечерва забележаа победа на гостувањето во Данска против Митјиланд со 24:23.

Иако домаќинките на полувреме имаа три голови предност (16:13), македонскиот првак во второто полувреме заигра подобро и стигна до победата.

Реваншот од четвртфиналето е закажан за 14 април во Скопје.
Воедно, ова беше седми триумф на „црвено-црните” во меѓусебните дуели со Митјиланд на осум натпревари и 12 победа сезонава во ЛШ на 13 одиграни натпревари.

Драгана Цвијиќ со осум и Андреа Лекиќ со шест погодоци беа најефикасни кај „црвено-црните“, на голот Амандин Лејно и Ина Суслина запишаа по пет одбрани.

ФОТО: ЖРК Вардар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...