Перо Антиќ, поранешниот македонскиот кошаркарски репрезентативец и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија и неговата сопруга Ружица, се разведоа, дознава порталот „Женски магазин“.
Ружица на Инстаграм-профилот веќе го промени и презимето. Таа е основач и главен и одговорен уредник на магазинот „Портрет“.
– Разводот е веќе официјализиран, а по 13 години заедница, остануваат во коректни односи поради трите сина – откриле блиски пријатели на познатата двојка за „Женски магазин“.
FOTO: Instagram/Printskrin