Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител ТВ откри дека заменик министерот за образование Петар Атанасов поднел оставка затоа што не станал министер.
– Жалам што господинот Петар Атанасов поднесе оставка на таков начин. Ред е да кажам, тоа го направи затоа што не стана министер за образование. Тој бараше од мене да стане министер за образование, но не стана министер. Јас во саботата ја донесов конечната одлука и му ја соопштив – рече Заев, наведувајќи дека во неколку наврати Атанасов нему му рекол дека доколку не стане министер за образование ќе поднесе оставка.