Од Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, реагираат на веста која ја реобјави Плусинфо од Истражувачката репортеска лабораторија (ИРЛ) дека Поповски ги советувал ПР службите на министерката Шекеринска да бегаат од новинарите.
„Ваквата информација не е точна, а за тоа говори самиот факт што министерката Шекеринска даде изјава и одговараше на новинарски прашања после настанот за промоција на Стратегијата за едно општество, при што присутен беше и министерот Поповски. Во дискусијата која претходеше на дадените изјави за медиумите, министерот Поповски им појасни на медиумите дека сите пораки за Стратегијата за едно општество ќе бидат презентирани на самиот настан, и дека организаторот на настанот не предвидел изјави за медиуми. Но, откако беше увидено дека новинарите се веќе позиционирани за изјава и бараат одговори на новинарски прашања, истите им беа овозможени, а министерката Шекеринска одговори на сите прашања“, наведуваат од Кабинетот на Поповски.
Инаку, во текстот за целиот настан кој го пренесува ИРЛ, се објаснува дека министерката Шекеринска дала изјава откако не се согласиле со сугестијата да се одбегнат новинарите.
„Министерката Радмила Шекеринска не се сложи со овој совет на Поповски. Инсистираше да излезе пред новинарите. Таа стоеше од внатрешната страна, додека Поповски веќе беше излезен и спремен да замине, но Шекеринска му обрати кусо и го врати назад пред новинарите каде што таа одговараше на сите прашања – и оние на темата и оние надвор од темата“, објави ИРЛ.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.