Министерот за транспарентност советува: Подоборо да им избегаме на новинарите

2348

Министерот за транспарентност, комуникации и отчетност во Владата, Роберт Поповски, заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи утрово во Клубот на пратеници, на новинарите им ја презентираше Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

Екипата на Истражувачката репортерска лабораторија – Македонија (ИРЛ), објави дека го сушнале министерот Поповски, како ги советува пиар службите на Шекеринска да им избегаат на новинарите.

– Подобро да ни се лутат затоа што не сме излегле да зборуваме, отколку да нѐ распнат – ѝ рече Поповски на Лидија Јанчовска, портпаролката на министерката за одбрана незабележувајќи дека позади нив стои новинар.

Тогаш ИРЛ реагирале и му рекле: „Вие сте министер за транспарентност и не може така да кажете“, на што тој рече дека изјавите веќе се дадени (мислејќи на презентацијата на којашто немаше дозволено прашања за новинарите).

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...