Тимоние: Што сте запнале со тој датум?

Блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот, рече францускиот амбасадор!

1655

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вчера објасни зошто нема датум за преговори за Македонија и дека тоа не треба да се опседнуваме со датумот.

– Што сте запнале со тој датум? Па имате толку многу проблеми. Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот! Ние не треба да ве оставиме изолирани без пат кон ЕУ, но не треба ниту да ви прогледуваме низ прсти – рече францускиот амбасадор Тимоние на конференцијата „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет“, што се одржа вчера во „Холидеј ин“.

На прашање на модераторот, новинарот Васко Попетрески, како тогаш Србија преговара, а владее режимот на Вучиќ, како Црна Гора преговара кога немало политичка промена на власта 30 години, францускиот амбасадор беше отсечен:

– Па еднаш се изглупиравме, по втор пат нема да се изглупираме. Тезите дека еве ќе почнеме преговори, па после додека преговараме ќе се реформираме, веќе не држат. Нема да се случи тоа, треба да разберете, имате многу проблеми и не треба да се правиме слепи пред нив.

По одговорот Тимоние стана и ја напушти конференцијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...