Градежник од Крива Паланка тешко повреден додека работел на објект во Штип

118

Во штипската болница вчера бил донесен работник со тешки телесни повреди, кој се повредил на работно место.

– Од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Н.(63) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека изведувал градежни работи за приватна фирма од Скопје на објект на улица „Лески“ во Штип.

По укажаната лекарска помош лицето било препратено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...