Финансиска полиција со голема акција во Љуботен против шверц на тутун

817

Финансиската полиција од утрово спроведува голема полициска акција во скопското село Љуботен.

Според неофицијалните информации, станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун.

Акцијата е во тек, а на терен има и припадници на МВР кои се повикани за асистенција.

Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека во интерес на истрагата не можат да споделат подетални информации.

– Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности – велат од Управата за финансиска полиција.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...