Втора спортска активност „Дојди во парк со велосипед“ организира денеска Општина Чаир, организацијата „Center for common ground“, Амбасадата на Велика Британија и на Холандија во рамки на проектот „Јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија“.
Од општина Чаир информираат дека целта на оваа активност е да се промовира велосипедизмот како корисна спортска активност за здравјето и за чистотата на воздухот, да се стимулира соработката, да се промовира толеранцијата, мирниот соживот и социјалната кохезија.
– На најавениот круг со велосипеди ќе учествуваат амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се наведува во соопштението од Општината.