„Танец“ со концерт за 70 години постоење

136

Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” денеска ќе одбележи 70 години од формирањето. По тој повод, ансамблот вечер ќе одржи концерт во Националната опера и балет.

Пред почетокот на концертот, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев и директорот на НУ ансамбл „Танец”, Мартин Вучиќ.

Асамблот „Танец“ официјално е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Богатото фолклорно наследство, песните и ората од државава, „Танец“ ги презентирал на голем број светски сцени и има добиено многу награди и признанија. Ансамблот учествувал на повеќе од 4.500 концерти во земјата и во светот пред околу осум милиони гледачи.

Репертоарот на „Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: „Невестинското”, „Тешкото”, „Комитско”, „Чифте Чамче”, „Осоговка”…

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...