Попладне пороен дожд, можно е невреме

364

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 23 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

До среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Потоа во наредните денови ќе биде претежно сончево, од петок со умерен до засилен северен ветер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...