Николовски се сретна со генералните секретари на коалициските партнери

285

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски попладнево одржа координативен, работен состанок со генералните секретари на коалиционите партнери од мнозинството предводено од СДСМ.

На средбата се разговарало за повеќе актуелни теми, за процесот на промени во интерес на граѓаните, исполнувањето на реформите за напредокот на државата како и за соработката помеѓу политичките партии во самата коалиција.

Николовски го презентираше и новиот систем за работа на СДСМ кој предвидува и подобра координација меѓу партиите во имплементација и реализација на програмските определби и реформите во интерес на граѓаните.

„Промените започнаа и тие ќе продолжат во континуитет. Заеднички создаваме систем за евалуација на постигнатите резултати и придонесот на секој што презел одговороност да им служи на граѓаните. Соработката помеѓу партнерите е добра, заедничка цел е промените и корекциите што се случуваат да ги засилат екононмските продобивки за сите граѓани. Интересите на граѓаните и напредокот на државата се на прво место“, информира СДСМ.

На средбата било оценето дека редовни средби на ниво на генерални секретари на партиите од коалицијата позитивно влијаат во подобрување на координацијата меѓу партиите на оперативно ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...