Герила за слобода на скопските дрвја

563

Кога не разбирате што ви се зборува, ќе мораме да ви нацртаме“ – е пораката на О2 иницијатива, граѓанско здружение кое се бори за здрава животна средина и чист воздух.

Во герила акција денеска во соработка со Институтот за комуникациски студии, како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, ставајќи синџири и оставајќи пораки за слобода на зеленилото, ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1.000 дрвја на територијата на Скопје, но и низ останатите градови во државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...